Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наредните денови ќе започне новогодишно украсување на градот.
Градот ќе биде ускрасен приближно исто како и минатата година, велат надлежните.
„Украси и светлечки лампиони ќе бидат поставени на градскиот плоштад, на поголемите булевари „Октомвриска револуција„ и „Трета МУБ“, улиците во централното градско подрачје и на влезовите на градот. На плоштадот ќе биде поставена и новогодишна елка, - изјави Фадиљ Шабани, директор на „Куманово-паркинг“.
За оваа услуга претпријатието ќе плати 1.720.000 денари.
ЈП „Куманово-паркинг„ денеска ќе потпише договор со фирмата „Медија плус„ од Скопје, која како и минатата година ќе се погрижи на украсување на Куманово.
Граѓаните негодуваат дека украсувањето се врши многу доцна и дека градот ќе биде украсен само десетина дена.
Останатите градови во државата и соседството новогодишните празници почнаа да ги најавуваат на почетокот на месецот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk