Депонија на “Илинденска“

08.01.2014 15:09 | KumanovoNews

На крајот на улица “Илинденска“,  во центарот на градот никна дива депонија.

Депонија на “Илинденска“

 Најлонски и хартиени кеси, амбалажа, кутии од чевли, остатоци од храна и облека, е декорот кој граѓаните секојдневно го гледаат во запуштениот објект, додека поминуваат по оваа фреквентна улица. Сметот го разнесуваат кучиња и мачки па граѓаните стравуваат од зарази.

Вработените во блиските продавници велат дека ѓубрето на оваа локација е од поодамна, а еднаш било чистено од надлежното претпријатие.

 Го чистеше еднаш “Чистота и зеленило“ и тогаш се договорија да стават жица да не може внатре да се фрла смет. Не можам точно да кажам кој го фрла ѓубрето, но сепак не е убаво. Цело лето ѓубрето е тука. Многупати пред врата ако оставиме кеса за отпад пред да ја фрламе, наоѓаме и други кеси оставени до нашата - изјави Дејана Трајковска, вработена во бутик.

И останатите соседи потврдуваат дека ѓубрето им пречи и дека треба што поскоро да се отстрани.

Не е убава глетката, поминуваме тука постојано. Како и да е луѓето се виновни што не го фрлаат сметот таму каде што му е место - додаваат продавачките Јулија и Сања.

Во Куманово ова не е единственото јавно место каде несовесни граѓани фрлаат смет. И покрај апелите на наделжните да се води сметка за чиста животна средина тоа тешко допира до поединци. Комуналните инспектори треба да ги зајакнат контролите и да ги казнат они кои не го почитуваат законот за чистота.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk