Дератизација и прв третман против бубашваби во Куманово

27.04.2025 18:12 | KumanovoNews

Во наредните три дена ќе се врши дератизација и третман против бубашваби на територијата на Општина Куманово. 

Дератизација и прв третман против бубашваби во Куманово

„На 28, 29 и 30 април (понеделник, вторник и среда) во 08.00 часот, ќе се изврши дератизација и прв третман против бубашваби на територија на општина Куманово. Третманот ќе се спроведе во шахти на постоечката канализација, со употреба на соодветни препарати. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период поради неповолни временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден“, соопшти Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk