Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во изминатото деноноќие на територијата на Куманово наврнале 10 литри дожд на метар квадратен, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу дожд наврна во Велес 20 литри на метар квадратен, 12 во Скопје.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне, особено во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk