Десет нови случаи на ковид-19 во Куманово, од вкупно 140 во државата

12.09.2020 12:24 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во земјата.

Десет нови случаи на ковид-19 во Куманово, од вкупно 140 во државата

По градови: Скопје 43, Тетово 12, Струмица 11, Куманово 10, Гостивар  и Прилеп 9, Струга 7,   Крива Паланка 1 и др.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71), од Тетово (73), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит од:Скопје 66, Куманово 8, Штип 9, Прилеп 7, Тетово 8 и др.

 Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694, бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk