Десет новозаболена од коронавирус во Куманово

27.08.2020 14:13 | KumanovoNews

 Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во последните 24 часа се регистрирани 10 новозаболени од коронавирус.

Десет новозаболена од коронавирус во Куманово

Во државата, во последните 24 часа се направени 1529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 39, Куманово 10, Дебар 1, Штип 4, Прилеп 8, Тетово 1, Струга 3, Битола 1, Охрид 4, Кавадарци 3, Гостивар 2, Струмица 1, Крива Паланка 1, Кочани 1, Македонски Брод 1,  Пехчево 1, Берово 3, Валандово 1, Делчево 2 и  Кичево 2.

Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г ), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од:

Скопје 72, Штип 18, Прилеп 2, Тетово 1, Струга 4, Битола 8, Охрид 1, Кавадарци 22, Гостивар 19, Гевгелија 3, Кочани 9, Пробиштип 1, Демир Хисар 8,  Македонски Брод 13, Виница 5, Делчево 1, Свети Николе 13, Кичево 12, Ресен 1, Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk