Десет новозаболени и 74 оздравени пациенти од коронавирус во Куманово

01.09.2020 14:12 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа во Центарот за Јавно здравје се регистрирани 10 нови случаи на заболени  и 74 оздравени од вирусот ковид-19 . Од новозаболените 9 се од Општина Куманово, а 1 од Општина Липково.

Десет новозаболени и 74 оздравени пациенти од коронавирус во Куманово

Како што информира директорот на ЦЈЗ Куманово, Ариф Љатифи новозаболените се од познат кластер.

„Новозаболените се од познат кластер. Големиот број на новозаболени кои се регистрирани денеска се должи на промената на алгоритамот“, информираше тој.

Во последните 24 часа се направени 22 тестирања, од кои 21 се преку Мој термин, а 1 епидемиолошки.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455, бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk