Десет новозаболени од коронавирус во Куманово

29.06.2020 14:38 | KumanovoNews

Сите нови 10 случаи на коронавирус регистрирани во изминатото деноноќие се` од Куманово.

Десет новозаболени од коронавирус во Куманово

Директорот на Центарот за јавно здравје, Ариф Љатифи вели дека новозаболените се од познати кластери, веќе имале заболени во нивните семејства. Во Липковско нема нови случаи.

Денеска се направени 35 тестирања во двете општини.

Во последните 24 часа регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19, а се направени се 868 тестирања.

По градови: Скопје 57, Куманово 10, Дебар 1, Штип 13, Прилеп 7, Тетово 19, Струга 3, Велес 4, Битола 1, Охрид 5, Кавадарци 1, Гостивар 6, Пробиштип 2, Свети Николе 2 и Ресен 1.

Починати се 12 лица, петмина од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на кови -19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk