Десет отсто од јавните светилки штедливи

25.01.2013 13:41 | KumanovoNews

 Само десет одсто од уличните светилки во градот штедат струја.

Десет отсто од јавните светилки штедливи

Од ЈП “Куманово - паркинг“ велат дека тоа засега е незначително, но ќе се обидат да го зголемат бројот во наредниот период.

Таму каде што има технички услови ќе се врши замена со штедливи светилки. Меѓутоа за тоа се потребни поголеми материјални средства. Тоа е процес кој ќе трае подолго. Има штедливи, имам лед светлики итн. Ние со програмата за изградба, реконструкција и оддржување на осветлувањето во 2013 година планираме да потрошимет 23 милиони денари. Овие пари ќе бидат наменети главно за оддржување на тековното улично осветлување и изградба на ново осветлување на сообраќајници. Како ќе течат работите ќе зависи од изградба на техничката документација - изјави директорот на ЈП“Куманово - паркинг“ Трајко Трајковски.

Тој кажа дека овие светилки заштедуваат од 40 до 60 отсто од електричната енергија. Оваа година претпријатието ќе изготви софтвер со кој ќе се направи попис на сите околу 10.000 светилки во Општината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk