Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Десет шумочувари од ЈП “Македонски шуми“- подружница Куманово, се грижат за заштита на шумскиот фонд во кумановско-липковскиот регион.
Шумарската служба е распоредена во 10 реони во атарите на селата Кокино, Длабочица, Матејче, Гошинце и Колитско и има обврска да пријави секаква аномалија на терен. Досегашната пракса покажала дека најчесто се интервенира кога се работи за пожари, бесправна сеча или присуство на луѓе додека трае забраната за движење во шуми во летниот период.
„Шумочуварите се стационирани на т.н. посматрачници, места со поголема видливост на хоризонтот за да можат да ги воочат сите случувања на теренот што го покриваат. Нивна обврска е да се пријави секоја промена во шумите и доколку има потреба да се интервенира, да се јават во „Македонски шуми“ или во полицијата. Само така ќе го сочуваме шумскиот фонд и лебот кој го јадеме„, - вели Ваит Саити директорот, на подружницата на „Македонски шуми“- Куманово.
Едно од местата на кое е поставена посмотрачницата е мегалитската опсеравотија Кокино, од каде се гледа целиот регион, од македонско-српската граница преку селата по течението на реката Пчиња, до селото Дренак. Шумочуварите ги користат и шумарските куќички во селата Слупчаен, Длабочица и Гошинце. Пред неколку дена една таква пријава спречила пожар од поголеми размери во селото Матејче.
„Пожарот беше покрај патот Матејче -Отља. Беше зафатена сува треба и ниско стеблести растенија. Поради високата темпреатура имаше опасност да се прошилри на блиската шума. Но, со брза интервенција на вработените во МШ и пожарникарите, за два саати пожарот е ставен под контрола и изгаснат“, - велат од службата за заштита од пожари во „Македонски шуми“- Куманово.
Од почетокот на годината на територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, регистрирани се 5 шумски пожари на површина од над 30 хектари, но во ниту во еден случај нема предизвикана штета на шумскиот фонд. Лани во регионот интервенирано е на 13 пожари, а изгорела 550 хектари површина и 1300 метри кубни дрвна маса.
„ Во 99 случаи од настанатите пожари, причинител е човекот. Превентивните и едукативни мерки и добриот распоред на врнежите оваа година, анализирано со истиот период лани и пред минатата година, доведоа до доста намален број на пожари. Да се надеваме дека штети од пожарите оваа година нема да има,- изјави Горан Стојковски, помошник директор за заштита на шуми во ЈП „Македонски шуми“.
Тој додава дека Македонски шуми не се противпожарно друштво и немаат обврска пожарите да ги гаснат сами, туку помагаат затоа што се на нивно земјиште.
„Опремени сме со грбни прскалки и метални метли. Но немаме обврска да имаме камиони за гаснење на пожар. Од тие причини треба тоа да се знае, најчесто ние имаме проблем што не е разулатат на нашата работа. Нема до сега во историјата пожар што настанал од причинител во шумарството. Ние постојано решаваме проблем што некој друг го направил, а ги трпиме последиците и притисокот од медиумите и институции, -објаснува Стојковски.
Шумочуварската служба има исти овластувања и во однос на постапувањата со дрвокрадците. Опремени се со нови униформи и оружје. Има право да ги легитимира сите луѓе кои ќе ги затекне во шума, да известува за шумски болести и др.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk