Десет тони смет дневно се собираат во општина Липково

08.01.2015 12:46 | KumanovoNews

По десет тони смет дневно се собираат на територија на општина Липково, велат од тамошното комунално претпријатије.

Десет тони смет дневно се собираат во општина Липково

Смет се собира секој работен ден во 12 липковски села, со исклучок на непристапните планински села.

“Хигиената е на завидно ниво и граѓаните се задоволни. Поради студеното време и снегот, мраз има во тесните улички и таму сега не можеме да влеземе со возила да го собереме сметот. Дневно се собираат по 10 тони комунален смет, што не е некоја голема количина“ - рече Фатмир Тасуми, директор на комуналното претпријатије во Липково.

Сметот се носи на депониите во селата Лојане и Никуштак.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk