Дестани: Даваме рок од два дена Министерството да почне преговори

28.01.2015 10:17 | KumanovoNews

СОНК му дaва рок од два дена на Министерството за образование за почнување на преговори, во спротивно ќе преземат порадикални чекори.

Дестани: Даваме рок од два дена Министерството да почне преговори

Од Регионалниот просветен синдикат велат дека и покрај притисоците, во кумановските училишта штрајкот тече нормално.

“Денеска ни е седми ден како штрајкуваме. Има во некои училишта притисоци, но не знам од каде е директивата. Ние вчера во СОНК одржавме сендица и му даваме рок на ресорното министерство денеска и утре да не поканат на преговори, во спротивно може да преземеме и порадикални мерки“ - рече Селајдин Дестани, претседател на Регионален просветен синдикат.

Наставниците штрајкуваат со цел укинување на казните од екстерно, намалување на административниот дел од работата и зголемување на платите за 25 отсто бидејќи со години немало корекции на плати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk