Дете загина при судир на две возила на патот кон Романовце

22.12.2019 15:17 | KumanovoNews

 Дете загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово- Романовце, во близина на бензинската пумпа „Ликоил“, денеска околу 14 часот, при судир на две возила.

Дете загина при судир на две возила на патот кон Романовце

 Очевидци тврдат дека детето било на околу 10 годишна возраст, а во Кумановската болница го пренеле граѓани кои наишле на местото на несреќата.

Други извори, пак, кажуваат дека детото имало 4 години и заедно со своите родители било во едно од возилата.  Останатите учесници во сообраќајката поминале со полесни повреди.

Како дошло до несреќата не е познато.

Од  Кумановската полиција потврдија дека се случила сообраќајна несреќа на патот Куманово - Романовце, но велат дека сеуште не е извршен увид и немаат детали. На лице место е и Јавен обвинител од Куманово.

Судирот се случил додека двете возилата биле во движење и од ударот излетале од патот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk