Детергенти ги затруле рибите во Липковка

10.04.2014 11:32 | KumanovoNews

Зголемена концентрација на детергенти во водите на реката Липковка го предизвика поморот на рибите минатата недела, покажаа резултатите од анализите на вода што ги направи Центарот за Јавно здравје во Куманово.

Детергенти ги затруле рибите во Липковка

Земените мостри покажале загаденост од 5 класа, а водите во Липковка река се од 2 категорија.

Отстапувањето од стандарди за квалитетот на води е во надлежност на државниот инспекторат за животна средина. Предметот е испратен до соодветни институции за понатамошна постапка, а исто така анализите се доставени со Спортско риболовно друштво “Пчиња“, кои самите можат да покренат соодветна постапка до надлежните институции - вели Бобан Бојковски, инспектор за заштита на животната средина во Општина Куманово .

Помор на риби во Липковка се случи минатат недела во неселбата Бедиње кај Режановски мост. Се претпоставува дека угинувањето на рибата го предизвикала вода која ја испуштила фирма за преработка на варовник. Во недела локалното население забележало дека водата била со бела боја по што го известиле Спортско риболовно друштво  “Пчиња“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk