Детето се удавило во ископ на сепарација во Шупли Камен, потврди МВР

19.08.2019 09:07 | KumanovoNews

Момчето кое вчера го изгуби животот се удавило во ископ од каде се вадел песок во реката Пчиња во селото Шупли Камен , објави полицијата.

Детето се удавило во ископ на сепарација во Шупли Камен, потврди МВР

Во 16,40 часот било пријавено дека во с.Шупљи Камен-кумановско, 15 годишник од с. Љубодраг, влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Од страна на полициски службеници и граѓани телото било пронајдено и извадено.  Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството, - соопштуваат од МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk