Детска претстава „Две новогодишни елки“ во Занаетчискиот дом

27.12.2018 10:28 | KumanovoNews

Детската претстава „Две новогодишни елки“ во изведба на дечињата и вработени од градинката „Ангел Шајче“, во сабота ќе се игра во Занаетчискиот дом во Куманово.

Детска претстава „Две новогодишни елки“ во Занаетчискиот дом

„Се работи за интерактивна и едукативна претстава подготвена во нашата институција. Во приказната се зборува за две новогодишни елки, стара и нова, кои се борат меѓусебно која од нив за Нова година ќе го завземе местото во градинката. Бидејќи караницата кулминира, во приказната се вклучува и Снегулката, која посредува да се најде заедничко решение, а потоа доаѓа и Дедо Мраз. Се работи за многу убава претстава наменета за најмалите, која ќе им го поправи расположението и на возрасните“ - изјави директорката Марина Алексовска.

Претставата е закажана во 11 часот, а организаторите  Секторот за култура и спорт ги поканува граѓаните на Куманово да ги доведат најмладите да уживаат во предновогодишната магија. Влезот е слободен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk