Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во сабота ќе се игра претставата „Приказна за една шума“ во режија на Никица Јанковски и Матеј Стојковски.
Тие воедно ги играат двата лика во претставата, костимите се на Дарко Илиевски, а сценографијата на Крсто Богојевски.
„Преставата е за најмладата публика и зборува за подигнување на свеста за заштита на животната средина околу нас. Со музички сонгови и интересна актерска игра ве покануваме од 17:00 часот во сабота во Центарот за култура. Билетите ќе се продаваат на билетара во Центарот за култура од утре, четврток од 10:00 часот“, соопштуваат од Центарот за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk