Детски ликовен камп во Етно село

10.06.2014 09:55 | KumanovoNews

Ученици од основните училишта наредната недела три дена ќе творат на “Детски ликовен камп“ во комплексот Етно село.

Детски ликовен камп во Етно село

Кампот ќе се одржи од 16 до 19 јуни, а ќе учествуваат 18 учесници со нивните ментори.

- За прв пат оваа година ќе се вклучат ученици од основното училиште “Блаже Конески“ од Скопје и двајца корисници на Дневниот центар “Порака наша“. Делата ќе бидат презентирани во четврток кога ќе биде отварањето - затварањето на кампот - рече Нино Величковски од Фондација за спорт и култура.

Величковски вели  дека ќе продолжи традицијата делата од “Детски ликовен камп“ да се донираат за “Порака наша“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk