Детскиот фестивал „Бисерчиња“ во понеделник во Центарот за култура

19.09.2024 13:14 | KumanovoNews

Во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во понеделник ќе се одржи третиот по ред Детски фестивал „Бисерчиња“, кој што е во организација на Асоцијацијата за култура и уметност Мулт Арт и ТВ Плус.  

 

Детскиот фестивал „Бисерчиња“ во понеделник во Центарот за култура

„Фестивалот „Бисерчиња“ продолжува со својата мисија да го прикаже детскиот талент преку нови песнички. Оваа година ќе слушнеме  15 нови рефрени за најразлични теми, сите весели и забавни на свој начин. Сите песнички имаат интересни видео записи, кои премиерно ќе бидат прикажани на фестивалот. Ги покануваме сите дечиња, заедно со своите родители да дојдат во понеделник, фестивалот започнува во 19.00 часот, и заедно да ја славиме музиката низ искрените детски насмевки. Цената на билетот е 150 денари“, велат организаторите.

Спотовите за песничките се снимани од ТВ Плус, а во нив учествуваат членови од балетските студија Ултра, Fusion, Skill Factory и танцовиот клуб Динамик. Истите ќе бидат гости и на фестивалската вечер.

Фестивалот се организира со поддршка од Сектор за култура, при Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk