Детско игралиште во стариот парк

12.08.2016 10:18 | KumanovoNews

Детско катче никна во стариот градски парк. Новиот детски комлекс  е опремено со современи реквизити за детска игра.

Детско игралиште во стариот парк

Во детското игралиште за забава на најмалите поставени се клацкалки, лилашки, кончиња на федер, пирамида за искачување, но и клупи за седење бекатон патека и хортикултурно е уреден .

Кога го посетивме игралиштето престојуваа 30 тина дечиња и неколку родители.

„Одамна фалеше вакво нешто во паркот. Секој ден ги носам децата и убаво си поминуваме. Многу убаво е направено, но треба да се заштити да не го оштетат  во ноќните часови, - вели една мајка.

Детското игралиште е донација на невладина организација, а одобрение за поставување на урбаната опрема издала општината Куманово.

Истовремено во стариот парк се работи на поставување на инсталација за осветлување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk