Девет кумановци во високите партиски тела на ЛДП

02.02.2015 09:52 | KumanovoNews

Девет членови на општинската организација на ЛДП Куманово, влегоа во највисоките партиски органи, на изборното собрание кое вчера се одржа во Скопје.

Девет кумановци во високите партиски тела на ЛДП

Осум членови се избрани за во Централниот одбор на партијата, а еден во Надзорен одбор.

“Задоволни сме што девет кумановци влегоа во највисоките партиски органи. Тоа се долгогодишни членови и активисти. Очекуваме на првиот Централен одбор да добиеме и еден член во Извршен одбор. Усвоени беа три резолуции, една за поддршка на демократија, право, слобода на говор, втората беше да ги оставиме малите и микро бизниси слободно да дишат и третата е во врска со последните настани во државата“ - вели Зоран Павловски, претседател на  општинска организација на ЛДП Куманово.

За нов претседател на ЛДП е избран Горан Милевски, поранешен потпретседател на партијата и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија. Тој доаѓа на местото на Андреј Жерновски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk