Девет нови случаи на ковид-19 во Куманово

02.07.2020 18:01 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистирани се 9 новозаболени од коронавирус.

Девет нови случаи на ковид-19 во Куманово

Во последните 24 часа на ниво на државата откриени се 173 нови случаи на ковид-19, а направени се 1653 тестирања. По градови: Скопје 75, Куманово 9, Дебар 6, Штип 8, Прилеп 6, Тетово 9, Струга 14, Велес 3, Охрид 10, Кавадарци 3, Гостивар 7, Гевгелија 2, Струмица 1, Крушево 1, Кочани 4, Пробиштип 1, Берово 1, Валандово 1, Свети Николе 6, Кичево 3 и Ресен 3.

Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти: Скопје 105, Куманово 1, Штип 7, Тетово 12, Струга 10, Велес 1, Охрид 4, Гостивар 1, Струмица 1, Кочани 5, Пробиштип 1 и Неготино 2.

Досега во земјата се направени вкупно 63.383 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6625, бројката на оздравени пациенти е 2748, на починати е 321, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3556.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk