Девет новозаболени и исто толку оздравени од коронавирус во Куманово

07.02.2021 14:48 | KumanovoNews

Во последните 24 часа се направени 1846 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19.

Девет новозаболени и исто толку оздравени од коронавирус во Куманово

По градови во: Скопје 80 новозаболени, во Охрид – 19 , Кавадарци -19, Тетово -14 , Прилеп – 13, Куманово – 9, Гостивар и Велес по 7, Струмица и Гевгелија по 6, Битола и Струга по 5, Свети Николе, Ресен и Делчево по 2, Штип, Кочани и Кратово по 1.

Починати се 8 лица, 2 пациенти од Кочани (74, 70), по еден смртен случај е регистриран од Скопје (76), Ресен (88), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 264 оздравени пациенти. Од: Скопје – 111, Охрид -66, Струга -35, Куманово и Велес по 9, Берово – 6, Пробиштип – 5, Битола -4, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 3, Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар и Кратово по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 470.691 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.798, бројката на оздравени пациенти е 83.999, на починати е 2.924, а бројот на активни случаи изнесува 7.875.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk