Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно дете потешко е повредено, а 8 лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на булеварот „Октомвриска револуција„, во близина на спортската сала Куманово.
Шестгодишното дете кое е повредено на тротоар пренесено е на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите пешаци и патници во автомобилите пуштени се на домашно лекување.
Според Кумановската полиција, несреќата се случила во 20.40 часот на раскрсницата на улиците „Октомвриска револуција и „Григор Прличев„.Автомобил шкода со кој управувала Л.М.(20) додека се движел од центарот кон периферијата на градот се судрила со сеад ибица, кој ја возел Р.Н.(18). Тој се движел од спротивната насока и на раскрсницата вртел лево. При судирот ибицата продолжила со движење и удрила во паркиран пасат, а шкодата излетала на тортоарот удрила во децата Б.П.(6) и М.М.(5), по што слетала од коловозот. Во сообраќајката повредени се и сопатници во двата автомобили, момчиња Н.С.(17) и Н.М.(18) и две дваесетгодишни девојки, Ј.Ц. и Е.Х.. Сите побарале помош во Кумановската болница. СВР Куманово изврши увид на лице место и работи на откривање на причините за несреќата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk