Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Oпштатa болница Куманово во текот на вчерашниот ден, лекарска помош побарале 9 бегалци од Сирија и Авганистан.
Тие ги посетиле одделенијата за ендокринологија, инфективното, очно и одделението за гинекологија, каде по извршените специјалистички прегледи, интервенции и препишана терапија, сите се вратени во транзитниот центар Табановце.
Во транзитниот центар Табановце се сместени 802 бегалци, а на самата гранична линија има 237.
АРМ и понатаму работи на поставување на заштитната ограда околу кампот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk