Деветнаесет стипендии за студенти од Липково

11.03.2015 09:18 | KumanovoNews

Општина Липково годинава ќе обезбеди деветнаесет стипендии за студенти кои потекнуваат од социјално загрозените семејства.

Деветнаесет стипендии за студенти од Липково

“Комисија ги прегледа барањата и одлучи финансиски да помогне на деветнаесет студенти, кои ги исполнуваат условите. Стипендијата е околу 200 евра, а парите ќе ги добиваат девет месеци, додека одат на факултет. Ова го правивиме за да им помогнеме на студентите кои немаат финансиски можности, а сакаат да се образуваат“ - вели Неџати Османи, секретар во општина Липково.

Оваа одлука Општината Липково ја воведе минатата година се цел да даде подршка на младите од социјално загрозени семејства и децата без родители.

На веб страната на општината се објавени имињата на студентите, кои ги исполнуваат критериумите за добивање на стипендија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk