Девојче од Куманово се предозирало со таблети

11.02.2019 08:30 | KumanovoNews

Девојче од Куманово вчера околу 10 часот се предозирало со таблети, по што било пренесено во болница.

Девојче од Куманово се предозирало со таблети

Лекарите од одделението за педијатрија од Кумановската болница пријавиле во полиција дека  родители донеле 14 годишно девојче, кое испило 20 таблети.

По укажаната лекарска помош девојчето е испратено во Клинички центар во Скопје, соопшти кумановската полиција.

За случајот известен е и јавен обвинител.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk