Девојче паднало од прозор на трети кат

03.10.2016 12:24 | KumanovoNews

Дванаесет годишно девојче од Куманово се лекува на Детската клиника во Скопје, откако се здобило со сериозни повреди на телотот по пад од зграда на третиот кат.

Девојче паднало од прозор на трети кат

Несреќата се случила во саботата околу 18 часот, кога под неразјаснети околности, К.С.(12) паднала од прозор на станот во кој живееле, кој се наоѓал во зграда на третиот кат во Куманово.

Веднаш по несреќата девојчето било пренесено со возило на Итна помош на хируршкото одделение во Општата болница Куманово.

 По укажаната помош, поради сериозноста на повредите детето било пренесено на Детска хирургија во Ургентен центар Скопје, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, набиен граден кош и фрактура на десна нога.

К.С. се наоѓа вон животна опасност. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk