Девојче повредено во сообраќајка на патот Липково-Слупчане -Оризаре

08.02.2016 10:07 | KumanovoNews

Осумгодишно девојче е повредено во сообраќајна несреќа што во саботата се случила на регионалниот пат Липково-Слупчане-Оризаре.

Девојче повредено во сообраќајка на патот Липково-Слупчане -Оризаре

Несреќата се случила околу 13.40 часот, помеѓу автомобил Опел Зафира со кумановски таблички управуван од Ќ.С.(29) од село  Слупчане и Фолксваген Голф со кумановски таблички управуван од Ф.Б.(27) од село Оризаре. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило девојчето кое било сопатничка во возилото Опел Зафира. Девојчето е префрлено во Општа болница Куманово каде му е укажана помош.

Увид на местото на несреќата изврши екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk