Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Девојка од липковското село Матејче се породила дома и бебето го фрлила во река.
А.М.(19) од Матејче, која била во поодмината бременост завчера се породила во шољата во тоалетот откако почнала обилно да крвари и бебето го ставила во кофа и го фрлила во реката која се наоѓала зад нејзината куќа.
Откако и се влошила здравствената состојба и не престанало крварењето, вечерта родителите ја однеле на гинеколошкото одделение во Општата болница Куманово. При прегледот лекарот утврдил дека девојката се породила во последните 24 часа.
Случајот бил пријавен во Кумановската полиција по што нивна екипа излегла на терен и го пронашла бебето.
Од ОЈО нареден е гинеколошки преглед девојката, а телото на бебето е предадено на обдукција. Девојката предходно не била на лекар и не ја контролирала бременоста.
Неофицијално, бебето било женско, тешко 2,5 килограми и било живо неколку часа. Имало повреда на главата најверојатно од ударот во реката.Се работи на утврдување на околностите под кои се случило чедоморството.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk