Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Служба од Центарот за јавно здравје од понеделник ќе почне со дезинфекција во сите основни и средни училишта во градот.
Дезинфекција се врши редовно пред почетокот на секоја учебна година и за време на зимскиот распуст.
“Започнуваме со превентивна дезинфекција, со дезинсекција по потреба на училиштето и дератизација. Опфатени се сите средни и основни училишта со нивните подрачни школи. Ова е вообичаена активност, нашата служба располага со апаратура, со сертифицирани средства. Ако нешто има по епидемиолошки индикации во текот на учебната година, нашата служба реагира и врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација “ - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Истите екипи ќе ги дезинфицираат и школите во Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk