Дезинфекција во училиштата пред стартот на учебната година

24.08.2015 08:36 | KumanovoNews

Екипи од Центарот за јавно здравје Куманово  неделава ќе извршат дезинфекција, дезинсекција и дератизација во училиштата.

Дезинфекција во училиштата пред стартот на учебната година

Дезинфекција редовно се врши пред почетокот на секоја учебна година, за време на зимскиот распуст, но и вонредна доколку е потребно.

Училиштата најпрвин темелно механички ги чистат просториите, и службата по одреден план оди и врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектите, просториите. Тоа ќе се направи оваа недела, пред почетокот на учебната година - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

Ќе бидат опфатени училиштата од сите шест општини во североисточниот регион.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk