Дезинфицирани 14 вагони и пунктот за мигранти на Табановце

30.09.2015 09:26 | KumanovoNews

Од Центарот за јавно здравје Куманово информираат дека во текот  на изминатите 24 часа, извршена е дезинфекција на 14 вагони, објекти и просторот во пунктот за помош на мигранти­ со површина од 2800 м2.

Дезинфицирани 14 вагони и пунктот за мигранти на Табановце

Направен е санитарно хигиенски и епидемиолошки увид во пунктот.

За време на увидот на пунктот немало мигранти, а од страна на тимот на Црвениот крст кој бил присутен на пунктот, ЦЈЗ бил  информиран  дека во утринските часови низ пунктот поминале 1487 мигранти. Направен е увид во објектот за водоснабдување  каде е воспоставен систем за хлорирање на водата. Земени се два примерока на вода од  чешма во женски тоалет и чешма во пунктот - стои во извештајот од Регионалниот центар за управување со кризи.

Дадени се препораки за  почеста  дезинфекција  на  славините  на  чешмите  и  собирање  на  медицинскиот  отпад  во соодветна амбалажа. Епидемиолошката состојба се следи постојано.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk