Дезинфицирани шталите во Гошинце

20.08.2015 09:03 | KumanovoNews

Грлата добиток се вакцинирани, а шталите во липковското село Гошинце се дезинфицирани, откако минатата недела неколку грла угинаа од болеста шушкавец.

Дезинфицирани шталите во Гошинце

Од Агенцијата за храна и ветеринарство објаснуваат дека заболените грла се угинати, а за останатите се преземени мерки за заштита.

“Нема опасност за проширување на болеста во кумановско, бидејќи се работи за болест која  не се пренесува од животно на животно. Животните кои беа заразени се угинати“-велат од АХВ.

Оваа болест се појавува кај говеда, овци и кози и се карактеризира со различна клиничка слика, но најчесто  предизвикува смрт на животните. Шушкавецот најчесто се превенира со вакцинација. Преживеаниот добиток треба да се премести од местата каде што се појавила болеста и да се направи дезинфекција на одгледувалиштата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk