Дезинсекција против крлежи во Куманово

19.08.2015 14:17 | KumanovoNews

Утре и задутре зелените јавни површини во градот ќе бидат третирани против крлежи.

Дезинсекција против крлежи во Куманово

Мерката се презема со цел да се спречи ширењето на заразни болести. Од општината Куманово информираат дека сите третирани површини ќе бидат видно обележани.

На граѓаните им се препорачува да не прстојуваат подолго време на третираните површини,
исто како и животните, особено во период непосредно по извршениот третман.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk