Дезинсекција против крлежи во наредните два дена во Куманово

19.04.2022 11:35 | Сузана Николиќ

На територијата на Општина Куманово, утре и задутре (среда и четврток), во 5 часот наутро  ќе се изврши дезинсекција против крлежи. 

Дезинсекција против крлежи во наредните два дена во Куманово

Со третманот ќе бидат опфатени јавно-прометни зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, плоштадот и парковите.

Третираните површини ќе бидат видно обележани и не се препорачува престој како за луѓето така и за животните, особено непосредно по извршување на третманот. Целта е спречување на ширење на заразни болести, каде како вектори се јавуваат крлежите.   

„Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден“, соопштуваат од Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk