Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на дијабетичари Куманово оваа година ќе реализира 12 акции за бесплатно мерење на шеќер во крвта.
Секој месец ќе има по една акција за откривање на заболени од дијабетес, а воедно во 2016 година ќе се одржат најмалку две едукативни предавања за дијабетичарите.
„Ќе ги посетиме селата Никуштак, Умин Дол, Ново Село, Черкезе и други. Ќе правиме акции по месни заедници, ќе опфатиме урбани средини, рурални средини, оддалечени села и поголеми фирми. Кога зборувам поголеми фирми мислам на фирми кои имаат повеќе од 10, 20, 30 вработени. Вообичаено акции правиме во чевларските фирми во градот“- вели Стефан Јовановски, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.
Здружението во текот на март месец ќе организира акција за мерење на шеќер во крвта во една од чевларските фирми во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk