Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Општа болница Куманово денеска дијабетичарите се едуцираа за акутни компликации од дијабетес, хипер и хипогликемија.
Предавањето го организираше Здружението на дијабетичари Куманово, а предавач беше Томица Анчевски, интернист од болницата кој кажа дека дијабетесот е една од најраспространетите болести во светот и кај нас.
Кај хипогликемија можат пациентите сами да си помогнат, само треба знаците да ги препознаат, а тоа се потење, малаксаност, немање сила. Додека кај хипергликемија често мерење на крвниот шеќер, и појавата на ацетони во мокраќата е најважна, односно честа контрола на мокраќата. Треба да се јавуваат кај доктор за да не дојде во влошување на болеста и компликации - вели Анчевски.
Претседателот на Здружението на дијабетичари Куманово, Стефан Јовановски објаснува дека целта им е навремено откривање на заболени од дијабетес, едукација и решавање на проблемите со кои се соочуваат дијабетичарите. Јовановски вели дека на секој еден откриен, има и неоткриен болен од дијабетес.
Трета цел ни е размена на искуство меѓу пациенти, не само на домашно ниво. Да се градат стратегии кога, како и со кои инсулини да се лечи пациентот. Планирам како нов претседател по 16 години постоење на Здружението, да ја прошириме таа соработка и на меѓународно ниво, со државите со кои граничиме, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, па зошто да не и пошироко - кажа Јовановски.
Во Куманово има над 6000 заболени од дијабетес, од кои околу 2000 се на инсулин.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk