Дијабетичарите следеа предавање во природа

17.05.2013 08:11 | KumanovoNews

 Педесет членови од Здружение на дијабетичари Куманово, завчера присуствуваа на предавање за инсулинска терапија, кое се оддржаа во околината на Куманово.

Дијабетичарите следеа предавање во природа

Тоа беше екскурзија со предавање. Дел беше на Зебарњак, дел во Куклица. Дијабетичарите слушаа предавање за примена на инсулинска терапија, бидејќи има некои новини, повеќе административни работи, но треба да се знаат - вели Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.

Тој објаснува дека последниве два месеци посетиле осум села каде се прегледани 374 граѓани, и откриени дваесетина нови дијабетичари.

                                                          (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk