Дијабетичарите собираат инсулин за поплавените

11.08.2016 13:18 | KumanovoNews

Здружението на дијабетичери од Куманово започна акција за собирање на инсулинска терапија за поплавените подрачја во скопско.

Дијабетичарите собираат инсулин за поплавените

Претседателот на Стефан Јовановски ги повика членовите во наредните неколку дена да даруваат дел од нивната месечна терапија за граѓаните кои за време на поплавите останаа без инсулин.

„Во Куманово има околу 2000 заболени од дијабетес на инсулинска терапија, 10 отсто од нив да дадат по едно пенкало од месечната доза ќе собереме повеќе од доволно за да помогнеме на оние кои останале без инсулинот. Ќе се информираме кои пациенти имаат недостаток на инсулин таму ќе го донираме. Како дијабетичар знам какви последици остава стресот кај заболените кои сега живејат во катастрофални услови, - рече Јовановски.

Помошта ќе се собира во наредните неколку дена во центарот за дијабетес, а ќе се однесе во Скопје во вторник кога се планира и акција за мерење на нивото на шеќер во крвта на граѓаните од поплавените скопски општини.

Во Куманово има 7000 дијаберичари од кои 2000 се на инсулин, а за поселдната година со редовно спроведување на акциите за мерење на нивото на шеќер во крвта евидентирани се нови 500 дијабетичари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk