ДИК со едукативниот караван го посети Куманово - Ти си на ред! Излези, гласај!

15.10.2021 16:53 | Сузана Николиќ

Во рамки на едукативната и информативна кампања „Ти си на ред! Излези, гласај!“, караванот на Државна изборна комисија(ДИК) ги посети градовите Куманово, Штип, Струмица, Кавадарци и Скопје. Кампањата на ДИК за претстојните Локални избори се реализира со цел да се претстават правата на гласачите за време на изборниот циклус.

ДИК со едукативниот караван го посети Куманово - Ти си на ред! Излези, гласај!

Во рамки на караванот, од страна на претставници на Државната изборна комисија, на случајните минувачи им се делеа едукативни и информативни материјали, кои содржат точно опишан начин како треба секој гласач да постапува на гласачкото место.

Едукативната кампања на ДИК се реализираше во согласност со протоколите за заштита од ковид-19.

Оваа година, за прв пат се воведува и новиот начин на идентификација на гласачите, со употреба на уредот за биометриска идентификација на гласачите (УБИГ), кој има за цел да го унапреди процесот преку дигитализација и автоматизирање на дел од постапката за гласање.

Државната изборна комисија со караванот посети голем дел од градовите во нашата држава, со цел да ги едуцира и информира граѓаните за нивните гласачки права, но и да упати апел дека и овогодинешните Локални избори ќе бидат фер, демократски и безбедни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk