Димитриевиќ си поднесе оставка, назначен нов директор на гимназијата

04.04.2017 09:24 | KumanovoNews

 Директорот на гимназијата Гоце Делчев Горан Димитриевиќ, си поднесе оставка на функцијата од морални причини додека не се расчисти случајот со објавените  експлицитните фотографии на социјалните мрежи.

Димитриевиќ си поднесе оставка, назначен нов директор на гимназијата

На негово место за в.д. директор е назначена Соња Тодоровска, која беше заменик директор и професорка по македонски јазик во училиштето.

Оставката на Димитриевиќ доаѓа по објавувањето на вулгарните форографии и видеото на социјалните мрежи, за кои се тврдеше дека припаѓаат на директорот. Случајот е пријавен во полиција, а сеуште не е докажано дали видеото и сликите се негови или монтирани.

Тој тврдеше дека му е извршен хакерски упад на фејсбук профилот, поради што бил уценуван од непознати лица. Градоначалникот Зоран Дамјановски најави прес-конференција за целиот случај и оставката на Димитриевиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk