Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за пратеник на СДСМ во втората изборна единица Максим Димитриевски вечерва се обрати пред присутните членови и симпатизери на градскиот плоштад, кои прославуваа победа.
„Од вечерва преземеме обврска да ја пишуваме новата современа македонска историја. Ние ќе пишуваме позитивна историја. Чест и достоинство беше денеска за секој граѓанин да учествува во овој изборен процес, сите граѓани што се одважија да дадат подршка на опозицијата и нашиот лидер Зоран Заев. Сакам само едно да знаете да не чувствувате како наши пратеници, сите до еден. Немаме намера да ве делиме на наши и ваши, -рече кандидатот за пратеник Димитриевски пред присутните.
Пред присутните се обрати претседателот на општинската организација Мартин Костовски и градоначалникот Зоран Дамјановски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk