Димитриевски: Добрите меѓуетнички односи го спречија конфликтот

11.05.2015 17:14 | KumanovoNews

Претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски смета дека квалитетните меѓуетнички односи во градот го спречиле проширувањето на конфликтот.

Димитриевски: Добрите меѓуетнички односи го спречија конфликтот

При тоа им се заблагодари на граѓаните што останаа присебни и не дозволија ескалација и нарушување на безбедноста во градот.

 Повеќе од 115 илјади луѓе бевме директни сведоци на случувањата. Милиони беа во неизвесност и вознемирени. Куманово повторно се намдина себе си и не дозволи ескалација на конфликтот - рече Димитриевски.

 На прес-конференцијата не присуствуваа советниците Албанци. Граѓаните кои имаат било каква потреба од помош можат да се јават во контакт-центарот на телефонските броеви во општина Куманово 031 475 830, 031 475 800. Општински Црвен Крст 031 424 179, 070 334 120 и ОУ „11 Октомври„ на 076 407 653. Досега педесетина граѓани досега побарале помош во храна и други неопходни производи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk