Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, денеска на Градскиот стадион се сретна со тренерите, играчите и родителите на децата од Фудбалскиот Клуб „Куманово Милано 2010“.
На средбата, Димитриевски потенцираше дека Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази, почнувајќи во прва фаза со реконструкција трибините, се до негова целосна реконструкција, за полни трибини и нови спортски победи.
„Имаме и план и визија за развој во спотот во наше Куманово. Ја завршивме првата фаза од реконструкцијата на Соколана, по што следува и целосна реконструкција на овој објект, како и партерно уредување на комплексот. Ќе градиме нови и модерни терени со тартан подлога во секое основно и средно училиште, но и во секоја урбана или месна заедница каде во моментов нема. Предвидуваме голем број на проекти во овој сегмент, по победата на локалните избори ќе продолжиме неуморно да работиме за да го вратиме стариот сјај на Куманово како „Град на спортот“, рече Димитриевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk