Димитриевски им посака успешен старт на учебната година на сите ученици и наставници

01.09.2022 14:20 | Сузана Николиќ

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска на сите ученици и наставници им посака среќен и успешен старт на новата учебна година.

Димитриевски им посака успешен старт на учебната година на сите ученици и наставници

„Учениците - првачиња, кои денеска го започнуваат својот образовен процес, сакам да ги охрабрам на патот кој има значајна улога за нив, посакувајќи им создавање на соодветни навики, кои ќе им носат нови знаења и вештини, како и успех низ животот. Посакувам почитуваните наставници, кои се носители на образовниот процес, успешно да продолжат да ги пренесуваат своите знаења, создавајќи успешни генерации, со кои сите заедно сите ќе се гордееме“, стои во честитката на Димитриевски.

 Се додава дека Општина Куманово ќе продолжи со реализација на проекти за подобрување на условите во училиштата, за нови спортски терени, модерна наставна опрема и подобри услови за сите ученици во Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk