Димитриевски изрази сочувство до семејствата на загинатите, посака побрзо закрепнување на повредените

17.03.2025 13:58 | KumanovoNews

Градоначалникот Максим Димитриевски упати сочувство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани, а на повредените им посака брзо закрепнување. 

Димитриевски изрази сочувство до семејствата на загинатите, посака побрзо закрепнување на повредените

„Во овие тешки моменти на болка и тага во мое лично име и во име на сите кумановци изразувам длабоко сочуство до семејствата на починатите во пожарот во Кочани, а на повредените брзо закрепнување. Оваа е трагедија за Македонија и сите наши граѓани, мора да ја споделиме и поднесеме заедно сите, обединети, сплотени и солидарни како што некогаш биле нашите предци. Да ги оставиме надлежните да си ја вршат својата работа, здравствено да ги истретираат повредените, истражителите да ги утврдат фактите а одговорност од сите видови ќе мора да има“, објави Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk