Димитриевски: Ќе ги уредиме сите речни корита во градот

08.10.2021 20:32 | Сузана Николиќ

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, доколку добие втор мандат од граѓаните најави дека во следните 4 години ќе направи капитални инвестиции во уредување на сите речни сливови во градскиот опфат, почнувајќи од автопатот па се до завршетокот на речното корито кај Кумановска бања. 

Димитриевски: Ќе ги уредиме сите речни корита во градот

„Со тоа, ќе добиеме и нови површини, кадешто ќе може да се уредат и постоечките зелени појас. Ќе направиме реконструкција на градскиот парк во Куманово во нов современ смарт парк и дополнително зелениот појас на локалитет Проевце, кадешто сакаме да изградиме нов зелен појас, градски парк и едукативен центар за одржување на летни училишта на најмладите. И дополнително, нов парк на локалитет Карадачки одреди или населба Тоде Мендол. Ние имаме намера да го оззеленуваме, да го заштитиме и чуваме сето тоа што ни е дадено од природата“, истакна Димитриевски.


 Тој кажа дека во изминатиот период Општината инвестирала во уредување на речното корито на река Липковка и дел од реката Кумановка, кај градскиот парк и во Средорек, поради што нема излевање на реките. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk