Димитриевски: Македонија мора да продолжи во евроинтегративните процеси

15.07.2020 20:02 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевки, денеска го оствари своето гласачко право на избирачко место во просториите на поранешен ЗИК.

Димитриевски: Македонија мора да продолжи во евроинтегративните процеси

 По гласањето посака на овие избори да победи Македонија, граѓаните и демократијата.

„ На овие избори сакам да победи Македонија, да победат граѓаните, демократијата и секако оној што заслужува да ја добие поддршката од граѓаните. Македонија мора да продолжи да оди напред, воедно и Куманово мора да продолжи да оди напред во евроинтегративните процеси, а секако на крајот одлучува гласот на граѓаните“, изјави Димитриевски.

Што се однесува до безбедноста на избирачките места и гласањето во време на коронавирусот, рече дека од она што тој го видел на гласачкото место, запазен е препорачаниот протокол,  контактите се сведени на минимум и се почитувало потребното растојание со редовна дезинфекција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk