Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проширување на капацитетите на „Дрекселмаер“ во Куманово и нови 2000 вработувања најави градоначалникот Максим Димитриевски при денешната работна средба со германската амбасадорка Анке Гизеле Холштајн.
„Во раговори сме со менацментот на компанијата за отворање на дополнителен капацитет, со можност во следниот период од 2 години да се вработат повеќе од 2000 наши сограѓани. Приоритетот е да се развива локалната економија и да се даваат еднакви можности за инвестирање како за странските, така и за домашните инвеститори“, изјави Димитриевски.
На средбата биле претставени можностите за инвестирање во индустриската зона Новини и Речица, а Димитриевски и амбасадорката Холштајн го посетија производниот капацитет на компанијата од автомобилска индустрија „Дрекселмаер груп“.
„Минатата недела имавме настан, организиран од билатералната Германоско-македонска стопанска комора и две германски фопндации „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Хеберт“, кои имаат различна политичка обоеност. Ова беше прв настан каде политичките фондации разговараа за економски теми. Тоа покажува дека кога се работи за суштински прашања политиката не треба да има никаква улога. Градоначалниците, меѓу кои беше и Димитриевски, како и претставниците на стопанството,
промовираа заедничка соработка, бидејќи економијата може да функционира само доколку функционира општината“, истакна германската амбасадорка Холштајн.
Во рамките на средбата се разговарало и за можно збратимување на Куманово со град од СР Германија, продлабочување на соработката преку имплементирање на заеднички проекти, , како и за досегашните реализирани проекти во општината во сите општествени области.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk